Работните групи на владејачката СДСМ и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги усогласиле ставовите во врска со реформските закони за судовите и за Судскиот совет. Собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ги разгледала амандманите што се носат без дискусија. Разидувањата на мнозинството и опозицијата беа во однос на дисциплинската постапка за судиите.

Еден од клучните амандмани предвидува зголемување на основите за разрешување на судиите и тоа доколку не ги применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ако откриваат доверливи информации од процесите што ги работат. Овие два закона се дел од реформскиот пакет закони што беше планирано да бидат донесени пред објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.