Умира сонот за сопствен дом

68

Европејците што првпат изразиле намера да купат сопствен стан или куќа во разни држави полека почнуваат да се откажуваат од својот дом од соништата, покажува едно неодамнешно истражување на Меѓународната анкета за домови и хипотеки на ИНГ.

Просечно, околу 35 отсто од испитаниците не очекуваат да купат сопствен имот поради комбинацијата од високи цени на недвижнините, зголемените трошоци за кирија и недоволните приходи. Ова особено е карактеристично за Германија и за Италија, а најмалку е изразено во Шпанија и во Турција. Во просек, Европејците очекуваат првпат да купат свој имот на 34 години, со тоа што над две третини од младите прво се иселуваат од своите домови за да живеат под кирија сами, со партнер или со пријатели.