Уве Генсхајмер се израмни со Олафур Стефансон

155

Германското лево крило на ПСЖ, Уве Генсхајмер, со 92 гола е најдобриот стрелец во Лигата на шампионите (ЛШ) сезонава. За Германецот ова е третпат во кариерата да го добие ова признание. Тој во сезоната 2010/2011 реализира 118 гола, а минатата сезона беше стрелец на 115 погодоци. На историската листа за најдобар стрелец во ЛШ, Генсхајмер се израмни со исландскиот десен бек Олафур Стефансон, кој, исто така, трипати бил најдобар стрелец (2002, 2003 и 2008). По двапати најдобри биле Кирил Лазаров, Ненад Перуничиќ, Сергеј Рутенка, Филип Јиха, Михаел Хансен и Момир Илиќ.