Убиен сопственик на дискотека

6017

Сопственикот на позната дискотека во Подгорица, Миодраг Крушчиќ, завчера попладне бил застрелан со повеќе истрели од непознато лице. Крушчиќ бил примен со повеќе прострелни рани на телото и не го преживеал нападот.

Сопственикот на дискотеката „Бигл“ не се чувствувал сигурно и затоа на почетокот на минатата година од полицијата побарал процена дали му е загрозена безбедноста поради пишувањата во некои медиуми за неговата поврзаност со лица со криминална биографија. Тој од Управата на полицијата и од Обвинителството барал прво да се утврди дали е припадник на криминалните групи, а доколку е така, и да ја понесе целата одговорност. Од полицијата утврдиле дека ризикот за неговата сигурност произлегува од дружењето со припадниците на криминалната средина, односно со членови на шкаљарскиот клан.

Ова предупредување му било пренесено усно и му било предочено дека треба да внимава каде се движи, како и за работењето со припадниците на оваа криминална групација, која важи за неформален сопственик на оваа популарна дискотека, пишуваат српските медиуми.