„Т-34“ е најгледаниот руски акциски филм

545

Во моментот најгледан руски филм е „Т-34“, акциска приказна за војничката пожртвуваност и бестрашност, а сѐ се врти околу познатиот руски тенк од Втората светска војна. Со голема храброст руските војници успеваат да побегнат од германското ропство во полуразурнат тенк „Т-34“. Ги предводи командантот на тенкот Николај Ивушкин (кого го игра Александар Петров).

По заробувањето од страна на Германците, за да ги спаси своите луѓе и својата земја, младиот поручник Ивушкин прави храбар план за бегство, со помош на преведувачката, убавата Ања (Ирина Старшенбаум), и хаварисаниот легендарен советски тенк.

За потребите на филмот се направени над 25 сценографии, меѓу кои и руско село и воен камп. Со петмина воени историчари имало консултации во текот на снимањето на филмот. „Т-34“ го напиша и режира Алексеј Сидоров.

Филмот по прикажувањето доби многу позитивни критики и досега заработи 2,2 милијарди рубли (околу 26 милиони долари), само за една недела од прикажувањето во Русија.

„Т-34“ се наоѓа на второ место меѓу руските блокбастери, со над 8,5 милиони гледачи.