Трилион садници во борбата против климатските промени

72

Тропските предели изгубиле 12 милиони хектари шумски делови во 2018 година, претежно поради пожари и уништување на шумите за да се направат земјоделски површини. Ова е всушност четврто регистрирано најголемото годишно губење на шумските предели од 2001 година, објави „Глобал форест воч“

Најдобар начин за да се задржат климатските промени под контрола е садењето дрвја на површина голема колку што е Америка, изјавиле научниците. На тој начин ќе се неутрализираат две третини од емисиите што предизвикуваат загревање на планетата, а за кои е одговорен човекот.
Том Краудер, професор во „Краудер Лаба“, истражувачка група на Универзитетот ЕТХ во Цирих, повика стотина илјади луѓе да се вклучат во борба против климатските промени, да почнат да садат дрвја или да ја финансираат оваа акција.

– Секое друго решение за справување со климатските промени бара од сите нас да го промениме нашето однесување. Нам ни треба одлука на политичарите, без разлика дали веруваат или не веруваат во климатските промени. Ова можеби не е најмоќното решение, но е решение во кое сите можеме да учествуваме. Засадувањето на дрвјата за да апсорбираат една четвртина од јаглеродот е амбициозна цел. Ова може да се постигне само ако се вклучени сите оние што се засегнати од глобалното затоплување – вели Крудер.

Швајцарските научници први објавиле студија за тоа. Студијата објавена во научното списание „Сајанс“ анализирала кое е максималното количество јаглерод што може да се апсорбира доколку на целата достапна шумска површина се насадат дрвја. Најдоброто место за обнова на шумите се наоѓа во тропските предели поради брзината со која дрвјата растат таму.
На интернет-страницата на „Краудер Лаба“ се наоѓа глобална карта со совети за тоа кои видови дрвја можат да се насадат и колку од нив можат да се одгледуваат во градините.

Тропските предели изгубиле 12 милиони хектари шумски делови во 2018 година, претежно поради пожари и уништување на шумите за да се направат земјоделски површини. Ова е всушност четврто регистрирано најголемото годишно губење на шумските предели од 2001 година, објави „Глобал форест воч“.

Активистите за заштита на животната околина велат дека грижата за постојните шуми, како и обновата, односно садењето нови шуми помага во спречување на поплавите, го апсорбира јаглеродот, ги ограничува климатските промени и штити од биолошка разноликост. Низ светот има 5,5 милијарди хектари шуми. Многу држави веќе се посветени на пошумување иницирано од програмата „Бон челинџ“, која е договорена во Германија во 2011 година.

Оваа програма има цел и се залага на глобално ниво до 2020 гoдина да се обноват 150 милиони хектари од деградираното и непошумено земјиште, додека планот е до 2030 година да се обноват 350 милиони хектари. 

Фото: Игор Бансколиев