Топката најдолго е во игра во Шведска и во ЛШ

55

Најефективно се игра во Шведска и во Лигата на шампионите (ЛШ) на Европа, а на другата страна на оваа необична листа е португалското првенство, пишува во анализата на 37 првенства во Европа, Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Според податоците, во најсилната Шведска лига се играат најтечните мечеви со 60,4 отсто ефективно време, а мала е разликата со ЛШ, во која средбите се играат со 60,2 ефективно време. Во Португалија тој процент е 50,9.

Во т.н. лига „петка“ (најсилните пет домашни првенства во Европа – Англија, Франција, Италија, Германија и Шпанија), најмногу се игра во германската Бундес-лига (58,5 отсто), а најмалку во шпанската Ла лига (55,8). Натпреварите во Лига Европа, пак, имаат поголем процент од просечниот за домашните првенства мерени во анализата. Во Лига Европа се игра со 57,1 отсто ефективно време, а европскиот просек е 55,3 проценти.

Најголем процент на минути во кои топката е во игра кај клубовите во домашните првенства е забележан кај шведскиот прволигаш Сундсвал (63,7 отсто). Тоа е за 18 проценти повеќе од мечевите на португалскиот тим Феиренсе. Клубот Бриж е на врвот во ЛШ со 66,2 отсто, а од лигата „петка“ во домашните првенства на врвот се Борусија Менхенгладбах (62,5), Ливерпул (62,2), Милан (61,2), Барселона (60,3) и Пари сен Жермен (60,1), велат од ЦИЕС.

НАЈТЕЧНИ НАТПРЕВАРУВАЊА
Шведска 60,4
ЛШ 60,2
Холандија 58,6
Германија 58,5
Финска 58,3
Белорусија 58,2
Италија 57,8
Русија 57,1
ЛЕ 57,1
Данска 56,9