Товар, не терет!

51
Владо Димовски

Малку дијалог…
– Никаде те нема, се изгуби.
– Знам. Да се растеретам малку и почесто ќе се гледаме.
Во македонскиот јазик не суштествува глаголот терети, ниту, пак, именката терет. Но, затоа си имаме соодветни зборови: да се ослободи, да се растовари, во конкретниот случај од обврските. Обврска е на сите правилно да зборуваат македонски. Дали е обврска одвреме-навремe да прочитаме некој интересен афоризам, а?! Не знам, но еве го: Затвори ја вратата, ако сакаш да зборуваме отворено. Со арно, со убаво!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!