Тарантино: Мојот нов филм ќе биде насилен и мрачен

615

Оскаровецот Квентин Тарантино ја разгоре фантазијата на присутните на отворањето на конференцијата на „Синема Кон“, која неодамна се одржа во Лас Вегас, со изјавата дека ѕвездите во неговиот нов филм, Леонардо ди Каприо и Бред Пит, би можеле да стекнат култен статус, како славната филмска двојка Пол Њумен и Роберт Редфорд.
Филмот „Беше еднаш во Холивуд“, кој ќе се снима оваа, а ќе биде прикажан следната година, говори за убиствата што ги изврши „семејството Менсон“, а Тарантино на сценариото работел пет години.

Сенката што ја предводеше Чарли Менсон во 1960-тите години во САД уби неколку лица, меѓу кои беше и глумицата Шерон Тејт, сопругата на режисерот Роман Полански, која беше бремена.
Тарантино (55) изјави дека неговиот деветти филм ќе биде насилен и мрачен како и „Евтини приказни“ од 1994 година.

– Сони и јас ќе ја ангажираме највозбудливата и најмрачна актерска двојка уште од времето на Пол Њумен и Роберт Редфорд – изјави режисерот на филмовите „Касапски кучиња“ и „Проклетници“ во хотелот „Цезар палас“, каде што се одржа конференцијата.
Инаку, славниот глумец Пол Њумен, кој почина во 2008 година, глумеше со Роберт Редфорд (81) во филмот „Осило“ од 1973 година, а филмската двојка стекна култен статус уште во 1969 г., кога заедно го снимија „Буч Кесиди и Санденс Кидс“.