Сe што треба да знаете за ананасот

763

Ананасот е овошје што го има речиси во секој поголем маркет. Интересен факт за ова тропско овошје е тоа што Кристофер Колумбо го донел во Европа по експедиција во Јужна Америка. Тогаш ова овошје било познато како екстравагантно и егзотично, и се сервирало само на трпезите кај имотните луѓе. Денес секој може да си го дозволи ананасот и да ужива во неговиот уникатен вкус.
Во Централна и во Јужна Америка, ананасот не се корист поради неговиот сладок вкус, туку заради тоа што тој помага при проблеми со дигестија и воспаленија.

Бенефиции од консумирањето ананас
Консумирањето овошје и зеленчук од сите видови се поврзува со намалени ризици за развивање голем број болести. Многу студии покажуваат дека луѓето што консумираат ананас имаат помал ризик да се здебелат, да развијат дијабетес или срцеви болести. Исто така, ананасот дава одлични резултати во подобрување на изгледот на косата, дава енергија и помага во слабеењето.

Превенира астма
Ризикот од развивање астма е помал кај луѓето што консумирале поголемо количество ананас. Причина за тоа е бета каротенот, кој се наоѓа во многу овошја како што се ананасот, мангото, папајата, а застапен е и кај зеленчуците како брокулата, тиквата, морковите…

Го регулира крвниот притисок
Зголеменото ниво на калиум помага во намалувањето на крвниот притисок. Според едно истражување, луѓето што пателе од висок притисок, а консумирале повеќе ананас, успевале да го контролираат.

Спречува канцер
Како одличен извор на витамин Ц, кој, пак, е силен антиоксидант, ананасот може да помогне во детоксикација на организмот со што превенира канцер.
Добар е за дигестијата
Ананасот е богат со растителни влакна и вода, па затоа е одличен за превенција на констипација.

Помага во подобрување на плодноста
Ананасот ја подобрува плодноста, поради тоа што е силен антиоксидант што се бори со слободните радикали, кои можат да го уништат репродуктивниот систем. Антиоксидантите како што се витаминот Ц, бета каротенот, но и витамините и минералите како што се цинкот и фолната киселина помагаат за подобрување на плодноста и кај двата пола.

Ананас за срцево здравје
Растителните влакна, калиумот и витаминот Ц се одлични за срцевото здравје. Една студија покажала дека луѓето што консумирале 4,069 милиграми калиум дневно, имале намален ризик од смрт од срцеви болести за 49 проценти.

Одличен е за кожата
Поради витаминот Ц, но и поради тоа што е полн со вода, ананасот е одличен за млад и здрав изглед на кожата. Се бори со брчките, ја подобрува текстурата на кожата и се бори со штетноста од сончевите зраци.


Нутритивна вредност

Една чинија ананас содржи околу:
калории 82;
масти 0,2 грама;
јаглехидрати 21,65
грама;
шеќер 16 грама;
влакна 2,3 грама;
протеини 0,89 грама.

Во однос на дневните препорачани дози,
ананасот содржи:

витамин Ц 131 процент;
витамин А 2 проценти;
калциум 2 проценти;
железо 3 процент.

Ананасот е одличен извор на важни витамини и минерали:
рибофлавин, витамин Б6, фолна киселина; магнезиум, калиум, бета каротен и многу други антиоксиданти.
Свежиот ананас е единствен извор на ензимот познат како бромелаим, кој игра огромна улога во различни здравствени сегменти.