Стари, нови прдикокоси (2)

79

Преку ноќ, нормално, има луѓе што зборуваат и прдат, но автобусот е релативно комфорен. Знаеш дека јас не можам да заспијам во автобус, колку и да се трудам.
Ги затворам очите, се обидувам да дремнам, ама ништо.
Тогаш, штом ќе стигнеш таму, веднаш јави ми се. Ќе те чекам.
Сакам, ама никогаш не успевам. Како пијана сум. Веднаш заспивам.
* * *
Кутар старец. Никому не би нанел зло. Само просел за некој денар.
Да, ама комшивката тврди дека ја нападнал. Сакал да ѝ ја грабне чантата.
Нема шанси. Тој, човече, има повеќе од осумдесет, едвај се држи на нозе.
А бе сѐ е можно. А ти, наполни седумдесет и пет?
* * *
Па зарем е потребен ваков третман кон овој добар човек?
Најпрвин сакам да ѝ овозможиме на правната служба да расчисти со истрагата околу случајов, а после ќе издадеме соопштение.
Но госпоѓи и господа, тој со часови седеше во канцеларијата, пред компјутерот, и не се мрднуваше оттаму ни за пауза, сѐ до крајот на работното време.
А кога стигна да направи вонбрачно дете?
* * *
Комшија, имаш возачка?
Немам.
Па како тогаш возиш?!
Е па, дедо ми беше инвалид.
* * *
Не можете тука да го шетате кучето. Ова е училиштен двор.
А како вие го шетате вашиот булдог?
Па јас сум чувар. Го чувам училиштето.
А јас сум педијатар. Го чувам здравјето на децата.
* * *
Алал да ти е, те гледам постојано се дружиш со брат ти, на Водно, во парк, во кино…
Не ми е брат. Син ми е.
А бе, не зафркавај. Син?! На колку години го доби?
На петнаесет.
* * *
Дете, дојди ваму. Еве, ќе ти дадам десет денари ако ми кажеш каде живее доктор Војкан.
Па ти си доктор Војкан.
Дете, не те прашувам кој е доктор Војкан, туку каде живее.
Тато, зарем не ме познаваш? Јас сум син ти Јовче.
* * *
Е па, ај сега, секој по својот пат. Дај рака, да се поздравиме.
Куртуливме, брат. Две години зад решетки. Да не беше ти, брат, не знам како ќе издржев. Ми се трефна што нѐ ставија во иста ќелија, брат, многу ми се најде. Цел живот ќе сум ти благодарен, брат.
Добро, де. Е па, ајде, пак, ќе се видиме, пак ќе се чуеме. За Велигден, за Митровден…
Еј, каде одиш, брат? Чекај уште нешто да ти кажам.
* * *
Хокус, покус, преварантус.
Хокус, покус, прдикокос.