Среден прст за правосудството

252

Постапката на Саљији, без оглед од што е мотивирана, ги издига на повисоко ниво демократските и морални стандарди во земја во која политичарите очајнички се борат да ги задржат своите високи државни функции дури и кога нивната одговорност е директна и кога се соочени со непобитни докази против нив. Кога се зрели како круши, но никако не паѓаат. Или барем не додека добро не се протресе стеблото на кое созреваат. До гниење

Од никого предизвикан, оставка од, како што рече, морални причини, поднесе прексиноќа министерот за правда Билен Саљији. Во директното обраќање до јавноста, Саљији објасни дека од функцијата се повлекува поради разнишаната доверба во судството, откако пред неколку дена Обвинителството го преквалификува обвинението во случајот „Алмир“ од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Станува збор за мошне контроверзен случај, од пред две години, кој за разлика од јасно изразената поделба по национална основа во правосудството, во пошироката јавност предизвика помешани, но силни, чувства и впечатоци, и тоа независно од националната припадност. Имено, јавноста можеше да види видеоснимка на која детето Алмир Алиу беше прегазено со автомобил, по претходна расправија помеѓу неговите возрасни роднини и возачот. Обвинетиот возач веднаш по преквалификацијата на делото беше пуштен од притвор, а телевизиските камери го забележаа неговиот роднина, како на излегување од зградата на судот им покажува среден прст на роднините на прегазеното дете.

Тешка фрустрација се накалеми на големата трагедија на семејството. Уште поголем пораз доживеа правосудството, барем од она што можеше да се добие како впечаток од позицијата на неутрален набљудувач. Иако на јавноста можеби и не ѝ се предочени сите елементи на делото, сепак како сосема легитимно останува прашањето како на некои луѓе може да им се суди за убиство зашто во сопствениот дом пукале на провалници, додека чинот во кој на улица е прегазено детето се правда со претходен конфликт што неговите роднини го имале со возачот?

Доволно за еден министер за правда да поднесе оставка. Се надевам дека нема да биде единствената и нема да биде отповикана, и тоа не поради ликот и делото на министерот. Тој сосема е небитен во случајов. Туку поради пораката што се испраќа до јавноста, а пред сѐ до правосудството, чии мудри глави добро треба да размислат што сега ќе прават со сите потенцијални сторители на „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. До правосудството, кое уште еднаш потврди дека неповратно е загубената врска помеѓу правото и правичноста во земјава.
Наспроти тоа, барем на прв поглед, добивме неочекувана најава дека во политиката нештата се менуваат. Оставка на министер поради притисок на совеста, а не поради притисок од јавноста, од коалициски партнери или од сопствената партија, е навистина нешто ново. Особено кога станува збор за кадар на ДУИ, партија за која авторката на овие редови, барем во изминатава една и пол деценија, и немаше баш пофални зборови. Ете, и тоа се случи – да пофалам постапка на некој од ДУИ. Знам! Се разработуваат плановите за реконструкција на Владата и за зголемување на парламентарното мнозинство. Името на Саљији наводно е на некаков список на министрите што треба да бидат сменети. Се шпекулира и со можноста дека ДУИ подготвува блокада на Владата за да ја внесе ВМРО-ДПМНЕ во веќе долго време споменуваната „широка коалиција“ или, пак, да предизвика нови предвремени избори. Не исклучувам ниту една од овие опции и воопшто немам намера да го релативизирам политичкиот момент во кој се случи оставката. Како што некои го релативизираат чинот на Саљији. Патем, нема простор ниту за страв од некакво закочување на т.н. реформи во правосудството поради оставката бидејќи, да бидеме искрени, тие и не почнале. Во Владата, како што јавноста можеше да види, само почнаа, и како сѐ уште да не завршија, надмудрувањата околу тоа кој повеќе свои независни експерти ќе устоличи во комисиите, советите и други набрзина склепани тела во кои треба да влезат заслужните за партиите.

Оставка на министер поради притисок на совеста, а не поради притисок од јавноста, од коалициски партнери или од сопствената партија, е навистина нешто ново. Особено кога станува збор за кадар на ДУИ, партија за која авторката на овие редови, барем во изминатава една и пол деценија, и немаше баш пофални зборови. Знам!
Се разработуваат плановите за реконструкција на Владата. Името на Саљији
наводно е на некаков список на министрите што треба да бидат сменети. Се шпекулира и со можноста дека ДУИ подготвува блокада на Владата… Не исклучувам ниту една од овие опции и воопшто немам намера да го релативизирам политичкиот момент во кој се случи оставката.
Како што некои го релативизираат чинот на Саљији. Но…

Но сето тоа е споредно, треба да се истакне фактот дека, веројатно, првпат ни се случува некој висок државен функционер, иако не директно одговорен или засегнат од некаков чин или состојба, да поднесе оставка што е сосе

ма спротивно на досегашните искуства кога функционерите, во ситуациите во кои очигледно беа одговорни па дури и повикувани на оставки бесрамно се бранеа со фразите: не знаев, не бев известен, погрешно ме информираа, јавноста погрешно е информирана, ми беа врзани рацете, жртва сум на политички притисоци и интриги…
Накратко кажано, постапката на Саљији, без оглед од што е мотивирана, ги издига на повисоко ниво демократските и морални стандарди во земја во која политичарите очајнички се борат да ги задржат своите високи државни функции дури и кога нивната одговорност е директна и кога се соочени со непобитни докази против нив. Кога се зрели како круши, но никако не паѓаат. Или барем не додека добро не се протресе стеблото на кое созреваа. До гниење.