Специјална награда за прилепските талентирани ученици

37

Сергеј Настески, Антонио Трајкоски, Дамјан Трајкоски, Марко Солески, Јован Станкоски од класата на народни инструменти, кај проф. м-р Мендо Ташкоски, ја освоија највисоката специјална, прва награда, со максимални освоени 100 поени на неодамнешниот републички натпревар. Младите прилепски музички таленти, ученици во ОМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“, кои виртуозно го свират македонскиот народен мелос на народни музички инструменти – кавали, тапан, тамбура добија огромни пофалби за професионалниот и уметнички настап од страна на стручното жири на чело со светски познатиот маестро Ле Фи Фи.

Специјалната награда прилепските музички таленти ја освоија во силна конкуренција на ученици од основните и од средните училишта од државава.

– Во категоријата камерни состави, без конкуренција, највисокото место, жирито им го додели на прилепските ученици – гордо вели професорот Мендо Ташкоски, кој посочува дека и другите ученици што изучуваат народни инструменти редат успеси и освојуваат награди.