Со „снежен“ меч во Сочи се одбележаа 50 дена до СП

464

На над 2.000 метри надморска височина, во снежниот Сочи се одигра фудбалски натпревар со кој беа одбележани 50-те дена до почетокот на Светското првенство во Русија и со кој беше поставен еден рекорд. Мечот помеѓу легендите на Русија и легендите на Сочи заврши со реми, 3-3. Тоа беше и фудбалски натпревар одигран на најголема надморска височина во Русија, јавија руски медиуми. Мундијалот треба да се игра во 11 руски града, вклучувајќи го и Сочи.