Соработка со Шведскиот национален театар

45

Министерот за култура Асаф Адеми во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со директорот на „Рикстеатерн“, Шведскиот национален театар, скопјанецот Дритеро Касапи.
На средбата двајцата соговорници разговараа за можностите за воспоставување соработка помеѓу театарските установи од нашата земја, со Шведскиот национален театар, која е една од најреномираните театарски куќи во Кралството Шведска. На состанокот стана збор и за можноста за создавање копродукциски проекти, кои во иднина би се прикажувале пред публиката во двете земји.