Современи стилови за уредување на домот

226

Во денешно време кога се одлучувате за уредување на домот, поимот „модерен стил“ стана многу поширок, особено кога имате пред себе стотици стилови на уредување.
За да го уредите домот по свој вкус, ви ги претставуваме петте најстари и најоригинални стилови за уредување на ентериерот. Можеби ќе се пронајдете некаде…

Јапонски стил
Иако најчесто го поврзуваат со црно-белата комбинација, тој е многу повеќе од тоа. Пример за модерно уредување на домот во јапонски стил претставуваат дрвените предмети, а доминира црвената боја, која во тамошната традиција ја отсликува среќата. Порцеланските вазни и украсни перничиња, како и обожаваниот лик на Буда, се детали со кои се постигнува разиграноста на просторот.

Современ француски стил
Во ваквиот простор никогаш не недостига романтика, а благодарение на нежните и пастелни бои во комбинација со светлиот мебел, просторот добива пространост и свежина. Типични за францускиот стил на ентериер се деталите од ковано железо, раскошните рамки за слики, како и позлатените украси. Доколку сакате да го освежите домот, одлично би било да инвестирате во ситни детали, кои може да ги изработите и сами. Во современиот француски стил се работи за мешавина од удобност и префинетост.

Викторијански стил
Како што и самото име открива, овој стил се одликува со раскошноста на англиската кралица Викторија. До ден-денес овој стил се карактеризира со масивен мебел, главно од махагони дрво, а мотиви за декорација се секогаш цвеќето и животните. Украсите како раскошните лустери и теписи, слики и огледала со богати рамки секогаш се добредојдени.

Африкански стил

Ова е тренд што веќе со години не излегува од мода. Живите бои во комбинација со земјените тонови се основа на овој стил. Деталите како што се животинските принтови дополнително го нагласуваат раскошот на црниот континент. Виртуелните маски и дрвени фигури во просторот носат мистична нота. Рецептот за уредување во овој стил е едноставен – во домот треба да ја внесете топлината на сонцето и песокот, но и богатството на животинскиот и растителниот свет.

Марокански стил

Се работи за егзотичен спој на европски и арапски елементи, а задоволни ќе бидат оние што сакаат сопствениот дом да го претворат во бајка. Раскошните ткаенини во силни бои на овој стил му даваат единствен и богат изглед. Мебелот секогаш треба да е изработен од дрво и украсен со нитни и светкави детали. Светилките и романтичните ламби се неизоставен детаљ.