Сите опции на Тереза Меј за брегзит

427

Европската Унија и Британија ги очекува „момент на вистината“ за преговорите за брегзит, на клучниот самит на кој европските лидери ќе одлучат дали е постигнат доволен напредок во разговорите, за да свикаат специјален самит во септември. Несогласувањето околу т.н. ирска граница на ЕУ, гаранцијата од двете страни дека нема да има цврста граница во Ирска, е најголемата пречка за навремено излегување на Британија од блокот.

Планот на Тереза Меј е цел на критики од двете страни на Северно Море, при што бившиот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон и поранешниот министер за брегзит повеќепати побараа Британија да го напушти овој план и да побара полабав трговски договор со Брисел, сличен како оној со Канада.