Се уредува зеленилото на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош

290

Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ информираат дека периодов се врши уредување и реконструкција на градското зеленило на повеќе различни локации. Оттаму велат дека екипите од секторот „Подигање зеленило“ деновиве извршиле целосно уредувањето на страничното зеленило – зелен коридор на булеварот Кристијан Тодоровски-Карпош и се работело на хортикултурното уредување зелени површини на потег од раскрсницата со улицата Џон Кенеди до почетокот на средната жардиниера по должината на булеварот, на површина од 1.130 квадратни метри.

Дополнително, инсталиран е и целосно нов систем за полевање на зеленилото, односно нова хидрантска мрежа и вграден е таканаречениот систем „капка по капка“. Други екипи на „Паркови и зеленило“ истовремено работат и на реконструкција, уредување и просторно средување на повеќе локации низ градското зеленило и тоа: доуредување на зеленилото на потег од езерцето кај Стадионот до булеварот Илинден во првиот дел на Градскиот парк, булеварот Видое Смилевски-Бато во населбата Ново Лисиче, улицата Методија Митевски-Брицо и булеварот Втора македонска бригада во општината Чаир, булеварот Србија како и на улицата Борис Трајковски во општината Кисела Вода.