Се поставуваат 600 нови сигурносни столпчиња во Аеродром

343

Општината Аеродром деновиве поставува нови заштитни столпчиња на тротоарите покрај булеварите и улиците. Целта на столпчињата е да се овозможи безбедно и непречено движење на велосипедските и пешачките патеки, а наедно и да се спречи непрописното паркирање на автомобилите. Покрај тротоарите ќе бидат поставени 600 метални заштитни столпчиња високи 60 сантиметри. Истиот вид метални столпчиња беа поставувани во претходниот период на територијата на општината.

Со оваа акција ќе бидат опфатени булеварите Јане Сандански, АСНОМ и Февруарски поход, како и улиците Фрањо Клуз и Венијамин Мачуковски.