„Сексот и градот“ и по 20 години сe уште актуелна и незаменлива

155

Верувале или не премиерата на култната серија „Сексот и градот“ беше пред 20 години, на 6 јуни 1998 година. Сместена и снимена во Њујoрк по истоимениот бестселер на Кендис Бушел во 1997 година, серијата ги следи животите на четири вработени самостојни жени, кои се во потрага по совршената врска и оргазам.
Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, пишува колумни за сексот и за односите во Њујорк. Нејзини три најдобри другарки се Саманта Џонс, Миранда Хобс и Шарлот Јорк. Има многу интересни факти поврзани со филмот, како на пример, дека сите коктели во серијата се лажни. Сара Џесика Паркер во договорот бара ставка што забранува голи сцени. Единствено таа од четирите главни глумици го барала тоа. За да ја игра улогата на дрската црвенокоса, Миранда, Синтија Никсон, морала да се бојадиса црвена, а имала природна костенлива коса.

На Паркер ѝ било непријатно поради некои елементи во серијата и размислувала да ја напушти откако била снимена пилот-епизода. Додека се снимала серијата Кери Бредшо поминувала 18 часа на високи потпетици. Исто така задржала 70 отсто од облеката што ја носи во серијата.
Алек Болдвин требало да ја игра улогата, која на крајот му припаднала на Метју Меконахи. Петтата сезона била ограничена на осум епизоди поради бременоста на Паркер. Наташа, сопругата на Ѕверката, секогаш носи бело.
Предбрачниот договор што Бани ја убедува Шарлота да го потпише, го составил вистински адвокат. Внимателноста не им пречи и на телевизиските двојки.
Иако серијата заврши во 2004 година, и понатаму може да се оди на автобуска тура инспирирана од „Сексот и градот“. Во 2012 година станот на Кери е продаден за над 9 милиони долари. Познатото балетско здолниште на Џесика Паркер, кое било нејзина идеја да го носи, го нашла во собата за костими. А сега е врамено и прикачено на ѕидот во канцеларијата на Мајкл Патрик Кинг.
Ким Катрал двапати ја одбила улогата на Саманта. На крајот нејзиниот дечко Дарен Стар ја убедил да ѝ даде шанса на серијата.

Ниедна од адресите на кои живеат актерките во филмот не се точни, ниту реални. Многу од уметничките дела во домот на Александар Петровски всушност му припаѓаат на актерот што го глуми, Михаил Барашњиков.
Џон Коберт или Ејдан се плашел од првиот пес што го играл Пит, па морале да ангажираат друг. Ниту една од четирите актерки не повторува ниту една комбинација во текот на целата сезона, сѐ до последната епизода, каде што Кери ја носи бундата од првата сезона.
Бебето што Ејдан го носи во кенгур во шестата сезона всушност е бебе на Сара Џесика Паркер. Снимањето на последната епизода е завршено четири дена пред емитувањето.