Самостојна изложба на графичарот Дарко Аницин

53

Самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин, со наслов „Личен печат“, ќе биде отворена в петок, од 20 часот, во Музејот на градот Скопје. Аницин се претставува со 16 акрилни цртежи, групирани во три различни димензии. Некои од делата се самостојни, а некои од нив се групирани во диптих и триптих.

За неговото создаваштво, Атанас Ботев, раководител на Графичко студио, вели: „При првичната средба со цртежите на Дарко Аницин се наметнува впечатокот дека станува збор за отпечатени графички листови. Таквиот впечаток е сосема логичен ако се земе предвид дека Аницин е графичар по вокација. Графичкото искуство го применил и во своите цртежи, особено во третманот на валерските односи (суптилноста и мекоста на сивите тонови потсетува на етканица), кои во спрега со жестоко изразеното кјарокурско образуваат фина органска целина. Беспрекорно чистите маргини со кои се врамени цртежите укажуваат на дисциплинарност и педантност – основен императив за занимавање со графика“.

Дарко Аницин создава графики, цртежи и слики од самите почетоци на своето образование до денес.