Самослик на синовите на Џон Ленон и на Пол Макартни

46

Шон Оно Ленон и Џејмс Макартни, синовите на познатите Џон и Пол од „Битлс“, објавија заеднички самослик на Инстаграм, што кај многумина ќе побуди носталгија, оти веднаш, дури и за оние што не знаат, се препознава кој е кој. Шон (лево) е единствено дете на Џон Ленон и на Јоко Оно.

Решил да ги следи стапките на својот татко, па, така, и тој денес е успешен соло-музичар, како и продуцент на неколку познати локални групи, иако многу помалку познат од светски познатата „бубачка“ – Џон, пишува „Дејли меил“. Џејмс исто така ја докажува теоријата дека крушката под круша паѓа, па и тој е автор на повеќе албуми.