Салах води во трката за „златната копачка“

854

Мохамед Салах од Ливерпул остана на врвот во трката за „златната копачка“ на Европа за најдобар стрелец, со 60 поени од неговите досегашни 30 гола за англискиот фудбалски премиерлигаш сезонава. По него следуваат Лионел Меси (Барселона) со 58 поени (29 гола), Роберт Левандовски (Баерн) со 54 (27) итн. Во минатата сезона наградата ја освои Меси, а од 2010 година победуваа само тројца фудбалери, и тоа Меси четири пати, Кристијано Роналдо трипати (вкупно има четири трофеи) и Луис Суарез двапати.