Русија и Финска водечки во групната фаза

32

По шест одиграни кола од групната фаза на Светското првенство (СП) во хокеј на мраз, што се одржува во словачките градови Братислава и Кошице, Русија е единствената селекција со максимален ефект, шест победи од исто толку одиграни меча. Последни на нивната листа на жртви беа хокеарите на Швајцарија, кои во групата Б загубија со 0-3.

Во другите дуели, победи забележаа Чешка против Австрија (8-0), САД против Германија (3-1) додека лидерот во групата А, Финска, беше подобра од Франција (3-0).

Синоќа играа, Франција – Велика Британија, Шведска – Латвија, Канада – Данска и Австрија – Италија, а со денешните мечеви помеѓу Финска – Германија, Чешка – Швајцарија, Словачка – Данска, Норвешка – Латвија, Канада – САД и Шведска – Русија, ќе се комплетира групната фаза на СП.

Табела, група А: Финска 16 бода, САД 14, Канада 12, Германија 12, Словачка 9, Данска 5, Франција 1, Велика Британија 0.

Табела, група Б: Русија 18 бода, Чешка 15, Шведска 12, Швајцарија 12, Летонија 6, Норвешка 6, Австрија 0, Италија 0.