Ристески единствен со две победи

117
Македонските шахисти во Рига

Во 2-то коло на ЕП за млади во шах, македонските претставници забележаа скромни два поена од 10 можни

Емил Ристески (категорија до 14 години) засега е единствениот македонски претставник, кој по двете одиграни кола на Европското првенство (ЕП) за млади во шах, што во осум возрасни категории (8, 10, 12, 14, 16 и 18 год.) се игра во летонскиот град Рига, забележа две победи. Од 10-те македонки претставници цел поен освои уште Јована Давиткова во категоријата до 10 години, додека другите претрпеа порази. ЕП се игра во девет кола.
На ЕП играат вкупно 1.074 шахисти/ки (1 ВМ, 1ЖВМ, 13 ИМ, 5 ЖИМ, 78 ФМ, 43 ЖФМ) или 200 со титули, од 47 држави.


Резултати 2. коло
8 год. Иванов (1.132, рангиран 39-ти) – Лебедев (Русија, 1.334, 17-ти) 0-1
10 год. Муча (1.052, 115-ти) – Савичевс (Летонија, 1.362, 84-ти) 0-1
12 год. Синиауски (Белорусија, 2.081, 10-ти) – Златков (1.788, 47-ми) 1-0
14 год. Кулиќ (БиХ, 1.003, 125-ти) – Ристески (2.081, 41-ви) 0-1
16 год. Велјаноски (1.906, 91-ви) – Јукста (Литванија, 2.198, 45-ти) 0-1
18 год. ИМ Еренберг (Израел, 2.399, 12-ти) – ФМ Лазов (2.292, 33) 1-0
10. год. Давиткова (1.075, 48-ма) – Ингел (Израел, 63-та) 1-0
12 год. ЖФМ Зверева (Русија, 1.898, 4-та) – Зрмановска (1.254, 69-та) 1-0
14 год. Златкова (1.065, 93-та) – Воробјева (Русија, 1.861, 25-та) 0-1
18 год. Манова (1.809, 50-та) – Севалд (Германија, 2.030, 29-та) 0-1