Реал Мадрид е првак, но Барселона е водечка во Европа

134

За листата на „Грејсноут“ се сметаат резултатите од последните четири сезони, од мечевите во домашното првенство и во купот, како и од средбите во Европа

Реал Мадрид е европски фудбалски првак, трипати по ред и вкупно 13 пати, но на листата на „Грејсноут“, Барселона е водечки клуб во Европа, според најновите податоци, јави „Би-би-си“. Ливерпул, финалистот на Лигата на шампионите сезонава, скокна осум места и сега е 11-ти на оваа листа. Манчестер сити е најдобропласираниот англиски клуб, на третото место, Тотенхем е деветти, Манчестер јунајтед е десетти, а Челси падна за пет места и сега е 12-ти.

Рангирањето се потпира на резултатите од последните четири сезони, но резултатите од најновата сезона вредат околу две третини од вкупниот број поени. Тимовите собираат поени од мечевите во домашното првенство и во купот, како и од средбите во Европа, но бројот на поени зависи од разликата помеѓу двата тима од секој меч што се бодува.
Дополнителни бодови се доделуваат и за лигата, ако нејзините клубови добро играат во Европа. Така, шпанското и германското првенство имаат повеќе екипи од англиското првенство меѓу најдобрите 100 тима. Според индекс-поените најсилна е шпанската лига, пред англиската и пред германската.