Ракометарките победија и се вратија во трка за ЕП 2018

261

Македонската женска ракометна репрезентација ја оствари првата победа во третата квалификациска група за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава во Франција. Во Торшавн е совладан домаќинот Фарски Острови со 22-15 (7-7).

Најефикасна кај жолто-црвените беше десното крило Сара Ристовска, со осум погодоци, (вкупно 17, најмногу во овие квалификации за Македонија). Последниот триумф во едни европски квалификации сениорките го остварија пред 15 месеци, над Исланд, во квалификациите за СП 2017 (27-20). Претходно во квалификациите за ЕП 2016 и за ЕП 2014 Македонија остана без триумф. На средината од овој циклус Србија има шест бода, Шведска четири, Македонија два, а Ф. Острови нула. По двата убедливи пораза од Шведска на гости (26-38) и од Србија дома (27-33), победата за Македонија значи и враќање во трката за пласман на првите две места, кои носат пласман на ЕП 2018.