„Радика-фест“ денеска во Дебар

213

Денеска со почеток во 12 часот во Центарот за култура во Дебар деветти пат ќе се одржи фестивалот за деца и млади „Радика-фест“. На фестивалот ќе бидат изведени 17 композиции, а изведувачи ќе бидат ученици и млади од Охрид, Струга, Дебар и регионот.
– Автори на најголемиот број композиции на годинешниот фестивал се: Јасмин Мимидиноски, Јовица Каралиевски, Елин Мемишоски, Лидија Петреска, Решат Арсланоски и други. Повеќето композиции се подготвени во студиото на Јовица Каралиевски во Охрид. Квалитетот на композициите е на завидно ниво и очекуваме некои од нив да бидат слушани подолг период – истакна Зинче Мимидиноски, уметнички директор на фестивалот.Фестивалот е поддржан и од Министерството за култура.