Промоција на книгата „21 зошто и само едно како“

1499

Промоција на книгата „21 зошто и само едно како“ од Драгиша Ристовски Гилберт, издавач „Ад вербум“, ќе се одржи во „Салон 19,19“ во 19.19 часот. Ристовски има повеќе од 20 години практично работно искуство на различни позиции, од комерцијалист на терен до директор. Автор е на бестселерите на српски јазик: „Губат само оние кои не играат“ и „Арена на продажба“, објавени под псевдонимот Д.Р. Гилберт. Подоцна следуваат книгите: „Добиваат сите оние кои играат“, „Лидерот е во вас“, „Продажен ринг“, „Мапа на успех“, „Вештина на влијанија“, „Како да ги подобрите своите преговарачки вештини?“, „Како да станете ефикасен менаџер за продажба?“, „101 техника на влијанија“ и најновата „21 зошто и само едно како“.