Промоции на книги на Пере Ристески и на Зоран Милошески

25

Автори на издавачката куќа „ПНВ публикации“ летово беа претставени во Охрид, во рамките на манифестациите „Летни уметнички ноќи на улица Самоилова – Лунус“ и 31-та „Поетска ноќ во Велестово“. Претставувањето започна во јули со стихозбирката „Директни обраќања“ од Марина Икономова Шокева и романот „Втор откос“ од Дејан Величковски, а продолжи во август со промоции на книги од уште десетина автори од оваа издавачка куќа од Скопје.

Вечерва со почеток во 20.30 часот во кафе-барот „Шила“ ќе бидат промовирани книгите на охридскиот хаику-автор Пере Ристески, „Шафран“, „Стрмец во хаику скротен“ и „Знаци на ветрот“ за кои ќе говори проф. Димитар Пандев, а на 24 август ќе биде претставен авторот на научнофантастичните романи „Сага за Тројство“ и „Последна граница: Истапени сечила“, Зоран Милошевски во „Култура 365“.