Промени на светските енергетски пазари

125

Во првата половина од новата година не се очекува колапс на пазарите, но во втората половина се најавуваат крупни промени во снабдувањето со нафта

Мала е веројатноста да има колапс на нафтените пазари во првата половина од 2019 година, бидејќи санкциите го намалија извозот на иранска нафта, а цевководите го ограничуваат порастот на американското производство. Но ваквата снабдувачка слика значително ќе се промени во втората половина од годината, кога ќе се прошират американските капацитети за испорака.
Саудиска Арабија и Русија ќе бидат подготвени за реакција на секаков сигнал за прекумерна понуда при што цената на нафтата би излегла од контрола. Иран сè уште ќе може да извезува околу еден милион барели дневно во наредните пет месеци под притисок на санкциите, а има потенцијал за Либија и Ирак да ги решат нивните внатрешни политички разлики за да можат да бидат влијателни на пазарот.

Истовремено, потенцијалот за внатрешна катастрофа и намалувањето на производството во Венецуела и несогласувањата во Персискиот Залив што ќе ги спречат танкерите да минуваат низ Ормутскиот Теснец, внимателно ќе се следи за поакутни нарушувања во снабдувањето.

Во меѓувреме, САД се подготвуваат да направат бум на светските пазари за течен природен гас (ТПГ). До крајот на 2019 година, САД ќе им се приклучат на Катар и на Австралија како најголеми извозници на ТПГ. Ќе бидат потребни неколку години за да се наметне поширокото геополитичко влијание, затоа што поконкурентниот пазар со ТПГ ги поттикнува краткорочните договори и цените, особено на азиските пазари со зголемена побарувачка. Американските трговски партнери што се на удар на критиките на Белата куќа ќе сакаат да ја искористат зголемената продажба на американски ТПГ за ги намалат трговските судири додека источноевропските сили ќе ја користат продажбата на американски ТПГ за подобро да се изолираат од Русија.