Премиерлигашите со заработка од над пет милијарди евра!

435

Англиските премиерлигашки клубови (20) во сезоната 2016/2017 имале бруто-приходи од рекордни 4,5 милијарди фунти (5,14 мл евра), објавија аналитичарите на Делоит. Клубовите имале просечна заработка од 570 милиони евра (без платен данок), што исто така е рекорд. Трошоците за плати на клубовите се зголемиле за 9 отсто, до 2,8 милијарди евра, што е значително пониска стапка во однос на зголемените приходи, кои се зголемиле за 25 отсто.

Главниот фактор за порастот на приходите е тригодишниот договор на Премиер-лигата што е во сила од сезоната 2016/2017. Компаниите „Скај спорт“ и БТ платија рекордни 5,86 милијарди евра за пренос на натпреварите во Велика Британија во периодот од 2016 до 2019-та. Но на најновата аукција за домашните ТВ-права, сумите не ги достигнаа тие височини, односно за пренос на натпреварите на 20 клуба во Премиер-лигата, во циклусот 2019-2022 година, компаниите платија „само“ 5,30 милијарди евра.

– И покрај помалата сума пари за домашните договори за ТВ-правата, ние очекуваме зголемување на вкупните приходи во наредните сезони. Доколку тоа се дополни со повнимателна контрола на трошоците, очекуваме добивката, пред оданочување, да се зголемува според предвидената динамика – вели Дан Џонс, шефот на спортската деловна група на Делоит, додавајќи оти „воздржаноста што ја покажуваат клубовите кога станува збор за платите значи успешно деловно работење и повеќе приходи за нив“. 


Премиер-лига, сезона 2016/2017 во бројки

Приходи – 5,14 милијарди евра (4,11)
Трошоци за плата – 2,85 млд. евра (2,63)
Други оперативни трошоци – 1,14 млд. (913 милиони евра)
Профит пред оданочување – 570 милиони фунти (загуба од 125,5 млд. евра)
Оперативен профит – 1,14 млд. (570 млд.)
Нето трошоци за играчи – 456,5 млд. евра (456,5 млд.)
Други трошоци – 114,6 млд. (230 млд.)
Сите 20 клуба оствариле профит
Во заграда се приходите во сезоната 2015/2016