Првпат од 2007 година Меси не е меѓу најдобрите тројца

179

Првпат од 2007 година Аргентинецот Лионел Меси од Барселона не е во најтесната конкуренција за фудбалер на годината во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Тројцата финалисти за годинава се Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус (претходно во Реал Мадрид), Хрватот Лука Модриќ од Реал Мадрид и Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул.

Роналдо и Меси од 2007 година беа речиси постојани финалисти (Роналдо не беше меѓу најдобрите тројца во 2010 година) и само во 2007 година не победи некој од нив (таа година за најдобар беше прогласен Бразилецот Кака, трет беше Кристијано Роналдо). Досега резултатот помеѓу нив е 5-5 во наградите од ФИФА, а Меси е поуспешен со шест втори, наспроти четирите „сребра“ на Роналдо, кој има и едно трето место.

По 20 години, меѓу тројцата најдобри има фудбалер од Хрватска. Во 1998 година Давор Шукер го освои третото место. Откако ФИФА прогласува најдобри, од 1991 година, победници биле 14 фудбалери од осум земји од три континента (Либерија од Африка, потоа Бразил и Аргентина од Јужна Америка, како и Португалија, Италија, Германија Франција и Холандија од Европа). Сите 14 лауреати во моментот кога ја добиле наградата играле во клуб од Европа (Барселона, Реал Мадрид, Милан, Јувентус, Интер или во Манчестер јунајтед).