Празот е природен антибиотик и регулатор на притисокот

741

Празот е од истата фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност и е нискокалоричен. Со готвењето се нарушува витаминско-минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж, како салата.
Празот содржи триосулфонати, кои со сечкање на празот преминуваат во сулфиди (алицин – активна антибиотска материја), кои имаат антибиотско дејство.

Алицинот дејствува како природен антибиотик

Алицинот го намалува и крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања. Празот содржи и органосулфидни компоненти, фитохемикалии што, заедно со некои витамини и минерали, поволно дејствуваат врз здравјето. Празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната.
Бидејќи содржи доста калиум (во 100 г има 300 мг), а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на течностите и токсичните материи преку бубрезите. Затоа често празот им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, особено за намалување на отоците.
Празот ја негува и кожата. Супата од праз го осветлува тенот. Благодарение на диуретичкиот ефект, празот го чисти организмот од отрови. Содржи и витамин Е и каротин, кои се важни за здрава, еластична и нежна кожа.

Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е, кои најмногу ги има во зелените листови. Го зголемува имунитетот, помага против настинка и инфекции. Празот содржи моќни антиоксиданти што го штитат организмот од штетното дејствување на слободните радикали, кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право празот се смета за природен антиканцероген, кој помага во превенцијата и лекувањето на ракот.
Празот е нискокалорична билка. Во 100 грама праз има само 35 калории. Содржи многу малку масти и шеќери, а доста целулоза, која брзо дава чувство на ситост. Пектинот од празот прави заштитен филм на слузокожата од желудникот.

Ги топи килограмите

Празот е идеален за одржување на нормалната телесна тежина, а се користи и при диети. Свежиот праз е најдобриот избор што можете да го направите, бидејќи при термичката обработка делумно се менуваат корисните состојки во него. Празот бил одгледуван уште од Старите Египќани, Грци и Римјани, и се смета за многу лековито растение, кое, според нутритивниот состав, е слично на кромидот и лукот. Во споредба со нив, содржи повеќе витамин Ц, белковини и бета-каротин. Исто така, содржи и органосулфидни компоненти – фитохемикалии што заедно со некои витамини и минерали дејствуваат поволно врз здравјето.

Белиот дел, односно главицата на празот изобилува со природни шеќери, фруктоза и сахароза, па затоа има малку сладок вкус. Зелениот стеблест дел и перјата на празот содржат витамини и активни супстанции што се значајни за зајакнување на имунитетот, па од таа причина е препорачливо да се јаде повеќе праз во текот на есента и зимата, за да се заштити организмот од вируси. Од минералите, најзастапени се манган и натриум, а од витамините K и А. Празот е познат диуретик, а тоа значи го поттикнува излачувањето на токсините од организмот. Алицинот во неговиот состав овозможува да дејствува во организмот како природен антибиотик и да го одржува имунитетот силен и отпорен. Исто така, алицинот помага за намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта, од што можеме да потврдиме дека празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања. Голем број медицински истражувања покажале дека е корисен при алергија, анемија, астма, атеросклероза, болести на срцето и крвните садови, бронхитис, зголемена телесна тежина, губење апетит, депресија, импотенција, камен во бубрези, превенција и лекување рак, неплодност, зголемено ниво на холестерол и масти во крвта, настинка и грип, како и проблеми со тироидната жлезда. Празот е богат со етерични масла, кои стимулираат зголемено лачење на дигестивните сокови и подобро варење на храната. Најдобро е да се јаде свеж, како додатoк во салати, но може и кратко да се динста, да се додава во чорби и солени пити. Неговата примена е идеална во комбинација со мрсни јадења, бидејќи е богат со целулоза, го олеснува варењето на храната и го стимулира празнењето на цревата.