Правилна одлука

53

Драги деца, еве трета година по ред писателот за деца и возрасни Трајче Кацаров ексклузивно за „Колибри“ пишува песни за летните доживувања на малиот Ранко. Лани и преклани тој уживаше на морските и езерските плажи, но ова лето не е така. Што му се случи на Ранко што остана дома? Во песната „Писмо“, која и овој пат први ја објавуваме, ќе разберете која е причината за тоа, а веруваме и ќе се согласите дека Ранко постапил правилно.


Писмо

Ете и тоа се случи
Учебната година заврши
Летото дојде
Ранко на море не појде.

Затоа пак писмо прати:
До морскиот брег,
до морето и рибите во него.

Писмото кратко
Ама напишаното
Се чита јасно
И се слуша гласно:

Примете топли поздрави
Играта наша ќе продолжи
Штом баба ќе оздрави!