Посетата на Макрон во пропагандни цели

503

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, со дводневната посета на Белград ќе се обиде да ги поправи и зацврсти билатералните односи со Србија, кои последните години беа нарушени. Првата официјална посета на францускиот претседател по 18 години го става Макрон пред деликатна задача да ги обнови, потврди и зајакне пријателските врски меѓу Франција и Србија, кои беа оптоварени со многу настани во последните 25 години. Меѓу нив е и учеството на Франција во НАТО-бомбардирањето на Србија во 1999 години со признавање на независноста на Косово во 2008 година, пишуваат француските медиуми во пресрет на средбата на Емануел Макрон со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Уредникот на весникот „Ле монд дипломатик“, Ивица Младеновиќ, во изјава за Н1, рече дека оваа посета е по мера на Макрон, со која ќе покаже дека тој е многу повеќе од претходните претседатели на Франција (Оланд, Сакрози или Митеран).
Што се однесува до Косово, Србија и Франција во тој поглед имаат спротивставени ставови. Но, како и секогаш, таблоидите во Србија блиски до власта јавно го истакнуваат сено она што претставниците на власта само го шепотеа. Па, така, се пишуваше дека Макрон сака да досели мигранти во Србија и дека им „зарил нож в грб“ затоа што одбил разграничување меѓу Србија и Косово.

Сега, пак, се пишуваат текстови во кои Французите и Србите се „браќа по оружје“, дека Париз испраќа ракети од типот „мистрал“ и дека Макрон ќе ја убеди германската канцеларка Меркел сепак да прифати промена на границите на Балканот.
Со Макрон на аеродромот „Никола Тесла“ ќе слетаат и одреден број француски претприемачи.

– Искуството од претходните посети сугерира дека зад бомбастичните најави за потпишување силни договори стојат далеку поскромни конкретни договори за економска соработка и вложувања – вели Владан Марјановиќ, за „Дојче веле“.
Според него, српските медиуми се однесуваат по едноставната детска логика: штом доаѓа тој и тој, мора да сме многу важни.
Оттука, тој смета дека ефектите од оваа посета на Макрон ќе бидат пред сѐ пропагандни.
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека се надева оти францускиот претседател Емануел Макрон, кој од вчера е во Белград, да ја прекине „играта“ за таксите на Приштина за српските производи.
Дачиќ, одговарајќи на прашањето дали Франција може да влијае врз Приштина да ги укине даноците за да продолжи со преговорите со Белград, изјави за „Блиц“ дека се надева оти одговорот на оваа прашање ќе го добие директно од францускиот претседател.

– Никој не може да ме убеди дека Западна Европа, во која Франција е еден од лидерите, како и САД, не може да го принуди Рамуш Харадинај, да ја смени административната одлука, со која осум месеци се скрши најважното политичко прашање – рече Дачиќ.