Пораз на шампионот, деби-триумф на Струга

65

Пораз на актуелниот шампион Шкендија, а победа на новиот прволигаш Струга трим лум ги обележија воведните четири натпревари од новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија, во кои славеа домашните фудбалери.

Академија Пандев на свој терен со 1-0 ја совлада Шкендија, а победи извојуваа уште Шкупи против новиот прволигаш Борец од Велес (2-0), Ренова, која беше подобра од Силекс (1-0), и вториот нов прволигаш Струга трим лум, која пред своите навивачи го совлада Работнички, со 2-1. Вчера се играше последниот меч од првото коло помеѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров. 


Резултати, 1. коло
Академија Пандев – Шкендија 1-0 (0-0)
(Пандев, 55 мин.)
Ренова – Силекс 1-0 (1-0)
(Велија, 38)
Струга трим лум – Работнички 2-1 (1-1)
(Мустафов 22, 60 – Марковиќ 8)
Шкупи – Борец 2-0 (0-0)
(Јурина 70, Оудиаби 87)
Вардар – Македонија ЃП
(вчера)
ТАБЕЛА: Шкупи 3 бода, Академија. Пандев 3, Ренова 3, Струга трим лум 3, Шкендија 0, Силекс 0, Работнички 0, Борец 0, Вардар 0 (-1), Македонија ЃП 0 (-1)