Поради големата побарувачка, „Порше“ го зголемува производството на „тајкан“

154
„Порше“ има 30.000 резервации за „тајкан“, елегантниот ривал на „тесла“

Испораките за „тајкан“, првото електрично возило во производство на „Порше“, ќе почнат кон крајот на оваа година

Тешко е да се процени значењето на „порше тајкан“. Тоа е првиот електричен автомобил од еден од најуспешните и најценети производители на возила во светот со високи перформанси. На овој производ е работено повеќе од пет години и се инвестирани повеќе од една милијарда американски долари. Исто така, тоа е првиот електричен автомобил што е сериозен ривал на автомобилите „тесла“. Целта на „Порше“ е да го создаде првиот електричен седан во светот. „Тајкан“ има најнизок центар на гравитација во сегашната постава на „Порше“, дури и понизок од 911 ГТ3, и речиси пет сантиметри пониско од штотуку лансираната генерација 992. Се планираат додатоци на „тајкан“ што ќе го направат автомобилот уште поеколошки. Ќе постојат повеќе варијации на „тајкан“, на пример ќе постојат опции за избор од екогуми, вклучувајќи и дизајн на тркала што ја подобрува аеродинамичната ефикасност.

„Порше“ направи голема оптимизација на ефикасноста кај автомобилот „тајкан“, бидејќи електричните автомобили, дури и со денешните најголеми акумулатори, имаат релативно мало количество енергија во однос на она што го овозможува резервоарот за гас. Тоа значи дека автомобилските фирми што развиваат концепт кај електричните автомобили за да го решат овој проблем со количеството енергија, најчесто пристапуваат кон развој на зачувување на енергијата и аеродинамиката. Ова е прво „порше“ што исто така може да ја регенерира енергијата при забавување на која било брзина, вклучувајќи го и запирањето со „антиблок-систем“, каде што системот за сопирање најпрво ја зголемува можноста за регенерациската способност.

„Порше“ доби 30.000 резервации за електричниот спортски автомобил „тајкан“, изјави менаџерот за човечки ресурси на „Порше“, Андреас Хафнер, неодамна за германската публикација „Ханделсблат“. „Ханделсблат“ објави дека за резервациите е потребен депозит од околу 2.800 американски долари. Претставник на „Порше“ изјави за „Бизнис инсајдер“ дека над 20.000 луѓе во светот покажале сериозна заинтересираност за купување на „тајкан“, но истакна дека тие луѓе само се ставиле на списокот на потенцијални клиенти преку застапништво на „Порше“. Според претставникот од „Порше“, за ставањето име на списокот не се бара депозит.

Во март, „Порше“ изјави дека го зголемува производството на „тајкан“ поради големата побарувачка. Испораките за „тајкан“ за производство на „Порше“ ќе започнат кон крајот на оваа година. „Тајкан“ ќе биде првото електрично возило во производствената линија на „Порше“. „Порше“ соопшти дека автомобилот ќе има над 600 коњски сили и можност за забрзување од 0 до 60 километри на час за помалку од 3,5 секунди. „Тајкан“ ќе има опсег на движење до 498.897 километри со едно полнење и опсег од 100 километри од четириминутно полнење, велат од „Порше“ за „Бизнис инсајдер“.

Од „Порше“ додаваат дека ентериерот ќе има голем број високотехнолошки карактеристики, како дигитален панел за инструменти што ги отсликува движењата на возачот, а возачите на контролната табла можат да контролираат со гестови преку холографски дисплеј. Литиумјонската батерија на „тајкан“ ќе работи по целата должина на автомобилот за да создаде рамномерна распределба на тежината. Испораките за „тајкан“ ќе започнат кон крајот на 2019 година. Се очекува цената да изнесува околу 90.000 американски долари, според „Д драјв“.