Популацијата на сивите китови опаѓа поради глад

131

Од почетокот на годината досега се забележани 73 мртви кита на плажите на западниот брег

Од јануари, повеќе од 70 мртви сиви кита испливаа на бреговите на Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Алјаска и Канада. Оваа бројка на починати китови во една година е најголема од 2000 година и особено ги загрижи научниците.

Минатата недела, Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА) го процени ова случување како дел од појавата наречена невообичаен морталитет (анјужуал морталити ивент – УМЕ).

Според американскиот Закон за заштита на морските цицачи, процената на УМЕ значи дека повеќе ресурси и научна експертиза ќе бидат посветени на истражувањето и откривањето од што е предизвикана смртта на толку многу китови во половина година.
Голем број сиви китови (eschrichtius robustus) пливаат по должината на западниот брег, а тоа е очекувана и вообичаена глетка во овој период од годината. Од март до јуни, овие големи морски цицачи пливаат северно од брегот на Долна Калифорнија, Мексико, до студените води богати со храна, односно до морињата Беринг и Чукчи, кои се наоѓаат северно од Алјаска. Тие ќе го започнат со своето патување за да се вратат кон југ дури во ноември.

Од почетокот на годината досега се забележани 73 мртви кита на плажите на западниот брег, односно попрецизно кажано 37 се регистрирани во Калифорнија, три во Орегон, 25 кита се најдени починати во Вашингтон, три на Алјаска, и пет кита се забележани мртви на бреговите во Британска Колумбија, Канада.

– Според наодите на истражувачите, повеќето од нив биле слаби и прегладнети, што сугерира дека, најверојатно, немале доволно храна за јадење за време на нивната последна сезона на престој на Арктикот – изјави Мајкл Милштајн, офицер за односи со јавност од НОАА.

Состојбата на мртвите китови, исто така, сугерира дека има многу китови што научниците ги немаат пребројано, бидејќи ослабените и истоштени китови имаат тенденција и да потонат длабоко во морските и океанските води, наведува Џон Каламбокидис, истражувачки биолог од истражувачкиот колектив „Каскадија“.

– Значи, бројките на мртвите китови што испливале на бреговите не ја претставуваат вистинската, односно точната бројка. Некои процени сугерираат дека станува збор само за 10 отсто од вкупниот број загинати китови – вели Џон.

Овие нежни џинови некогаш биле сериозно загрозени од китоловците. Само околу 2.000 од нив се регистрирани во 1946 година, кога е инициран меѓународен договор за запирање на сивиот лов на китови за да се закрепне бројот на популацијата, според Центарот за морски цицачи, непрофитна организација чија цел е да ги спасува и рехабилитира морските цицачи во Калифорнија.

Сивите китови постепено се отстранети од листата на загрозени видови во САД во 1994 година, кога популацијата им беше проценета на околу 20.000 кита.
Претходниот невообичаен морталитет (УМЕ) се случи од 1999 до 2000 година наречен источна северна пацифичка популација кога биле проценети околу 16.000 единки, но нивната популација оттогаш се обновува. Во 2016 година, научниците проценија дека има околу 27.000 кита.

– Според досегашното искуство и податоците што ги имаме од претходно, знаеме дека оваа популација е способна да се врати со најмалку 6.000 единки. Но сè уште е нејасно што предизвикува толку многу китови да умрат. Значи, засега, приоритет е да се проучат што е можно повеќе од заробените животни. Имаме прст на пулсот и би рекол дека ќе продолжиме да го следиме внимателно – вели Дејвид Велер, истражувач за биолошки диви животни со Југозападниот научен центар за риболов.