Под окупација

Како што вообичаено бидува при почетокот на секоја окупација, на окупираниот терен реалноста е хаотична. Сеењето страв, терор и манипулации прави луѓето да се чувствуваат изгубено и исплашено

САД го признаа „Северџанистан“. Тоа го направи Трамп преку писмо испратено до Заев. Со ова се заокружи неколкудецениската американска антимакедонска политика. Не верувам дека Трамп е сосема упатен во „македонцките работи“, но во тоа не наоѓам никакво оправдување. Македонија под уставно име ја признаа над 140 земји. Од сите признавања, единствено американското беше лицемерно и злонамерно. Дојде непосредно пред референдумот за територијална поделба и го започна патот за идна федерализација. Последново симболично, писмено признавање доаѓа по неуспешен референдум. САД дадоа амин за насилното менување на името и на идентитетот.

Оттука нештата се јасни. Ако се земе предвид дека Грција го начна проблемот, а ЕУ преку Лисабонската декларација даде меѓународна тежина, тогаш САД се тие што преку ООН и нивниот Метју Нимиц станаа најсилен лобист и двигател за бришење на Македонците. Теорија на заговор? Повелете, дајте ми поинакви аргументи. Само да не биде тоа дека Грците имаат проблем со нашето име, а Вашингтон и Брисел, ама ептен сакаат да нè интегрираат во ЕУ и во НАТО. Оти тоа, пред разумот, воопшто не држи вода. Ако толку им требаше Македонија, никој немаше да ја праша Атина. И многу посилни држави од економски слабата и задолжена Грција замолкнале пред светската моќ. Со НАТО и без да сме членка, поданички окупираме кај ќе стигнеме. И покрај сите отстапки што ги направивме, ЕУ ни порача дека нема шанси да влеземе до 2035 година. А дотогаш, не ЕУ, туку Европа може да не биде онаква каква што ја знаеме.

Јас можам да извлечам само еден логичен заклучок. Западниот свет предводен од САД и од ЕУ не сака да постои Македонија. И тоа има свој континуитет. Она што во 1913 година претставуваа моќните европски држави, денес тоа го претставуваат ЕУ и НАТО. Пред сто години, со поделбата, беа убедени дека го затвориле македонското прашање преку геноцид и асимилација на Македонците. Се прелажаа. Македонија одново се роди. Е ете ги повторно. Триесет години терор врз нас. Додека не си најдоа политички квислинзи што го одработија културолошкиот геноцид. Затоа што изопачената западна цивилизација, со варварски менталитет, има проблем со Македонија и Македонците.

Нашето постоење е сведоштво за геноцидот низ историјата што тие го поддржале. Бришејќи нè нас, мислат ќе ја избришат вистината. Како што прават секаде. Но, таа, вистината секогаш наоѓа начин да излезе на површина. Така ќе биде и со Македонија.
Така е со светот. Да видиме сега како ни е по дома. Што направивме и што добивме. Фактички сме под окупација. Нема закон и устав. На власт е октроирана политичка хунта. Таа ја поништи референдумската волја на граѓаните и спроведе идентитетски геноцид. Македонците го кажаа своето на референдум, ама ништо не направија откако власта избриша задник со нивната волја. Во меѓувреме изгубивме име и идентитет, а не добивме ништо. Во НАТО ќе сме безгласна буква и ќе служиме како досега. ЕУ уште долго време нема да ја видиме.

А среде окупација логични се нацистички методи. Ви порачувам шокираноста и вознемиреноста од претепувањето на Јанакиевски и на Ристевски да не си ја трошите залудно. Ќе ви треба многу скоро кога ќе почнат со уште пожестоки апсења, терор и ликвидации. Изопачената моќ избира изопачени луѓе за да ги спроведе своите изопачени идеи. Тоа почна со варваринот Јоханес Хан и неговото барање за „балкански методи“ до двотретинско мнозинство.

Гебелс рекол: „Што е поголема лагата, таа полесно ќе помине“. Лагата со ИСИС можеби не помина кај народот, ама секако ја одработија медиумите. МВР крикна дека спречиле терористички напад. Истото МВР на кое му беа потребни часови да стигне до сообраќајна несреќа на 20 километри од градот, на кое секојдневно му исчезнуваат луѓе што не може да ги најде, ете ги сега спречиле тероризам. И тоа ИСИС, оној разбиениот од Русија. Па истрча летачкиот циркус на американската амбасада да ни каже дека имало опасност од терористички напади. Тоа е амбасада на држава што „откри“ хемиско оружје во Ирак, па уби милион цивили за да го најде, ама не успеа и Гебелс им е, двор им е. Два дена подоцна сфативме дека нема приведени по спречениот обид за тероризам. Генијално! Веројатно од преголем стрес пред страшната моќ на МВР и нивниот шеф, терористите испариле. Заебавај се ти Русјаков, ќе ти најдеме и тебе некоја руска терористичка мисла во главата.

Среде окупација и безумие, следуваат претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе трча со Гордана Силјановска. СДСМ и ДУИ веројатно ќе одат со консензуален кандидат. Јас пишувам роман. Вака некако би го завршил пасусот, но има што да се каже. Како што вообичаено бидува при почеток на секоја окупација, на окупираниот терен реалноста е хаотична. Сеењето страв, терор и манипулации прави луѓето да се чувствуваат изгубено и исплашено. Мнозинството граѓани, кои си ја сакаат татковината и на чија страна е правдата затоа што на референдум го зачуваа името, среде ненормалнава ситуација, се чувствуваат парализирано како зајак пред фарови. Затоа и се случува она што се случува. Додека октроираната власт и нејзините поддржувачи се обединети во злорадоста, забеганоста и безумноста, патриотското ткиво е разединето.

Секојдневно се соочувам со истото прашање. Дали ќе излезам да гласам за опозицијата или ќе бојкотирам? Проблемот е што јас имам одговор што не може да ги задоволи ниту едните, ниту другите. Не, нема да бојкотирам. Бојкотот е демократска алатка, еден вид организирано движење. Но бојкот е и апстинирање од револт, игнорирање на злото што треба да предизвика негова парализа. Ама па јас не знам случај каде што преку бојкот некој се ослободил од ропство, окупација, диктатура.

Дури и вртењето друг образ или гандизмот е дејствување. Затоа, нема никого да повикувам на бојкот. Но, нема ниту да излезам на гласање. Зарем да им дадам легитимитет на оние што ги организираат изборите? На оние октроираните што насила и криминално го урнисаа уставниот поредок, променија име и идентитет, избришаа историја? Зарем на оние што шират беззаконие и терор? Па што да се прави, ме прашува збунетиот граѓанин. Во ваква ситуација при класична окупација, каде што едни се злорадосни, други маловерни и малодушни, трети кренале раце од сè, а четврти крајно збунети, јас не гледам излез тука. Можеби грешам, но спасот е надвор и тоа се нарекува влада во егзил на Република Македонија. Само кај нашинците низ светот, преку нивно организирање и дејствување, го гледам можниот излез. Тоа веќе и го прават, но дејствувањето мора да се засили на сите нивоа. Тие таму не се изложени на терор, па оттука можат да удрат по сите светски институции, по владите на земјите каде што живеат, медиуми и хуманитарни организации за да се крене гласот до небо дека во тек е идентитетски и културолошки геноцид на цел еден народ. А јас оттука, додека не ме изеде мракот, ќе продолжам да комуницирам вака со нив, да давам идеи и предлози, па ако даде Господ, во овој живот, ќе ја ослободиме и ќе ја вратиме Македонија.