Пијте вода и бидете здрави!

373

Водата може да ни помогне во спречување голем број здравствени проблеми, а можеби не сте обрнале многу внимание, но во голема мера влијае на изгледот и на расположението

Постојат повеќе причини зошто треба да пиеме вода и кога не сме жедни, а во продолжение ќе може да се информирате за повеќе за нив. Сите знаеме колку е важна водата за организмот. Редовното пиење повеќе чаши вода ги зголемува концентрацијата и отпорноста кон разни заболувања. Водата придонесува за добро ментално и физичко здравје, и за здрав изглед на кожата. Дополнително, водата помага во намалување на стресот и на главоболките што е од големо значење за нас! Водата го намалува апетитот и му помага на телото да ги разгради насобраните масти. Намалениот внес на вода доведува до поголемо таложење масни наслаги. Исто така, без доволно количество вода бубрезите не функционираа како што треба.

Важноста на водата за нашето тело

Нашето тело содржи 60-70 отсто вода. Преку урината, потењето и дишењето, телото излачува околу 2 литри дневно, а преку спортски активности и стрес уште повеќе. Заради тоа е потребно постојано да се дополнува изгубеното количество вода. Тоа може да биде преку храната или преку течности, обично се препорачува по еден литар на 25 кг телесна тежина, а фактори од кои најмногу зависи се физичката активност, оптоварувањето и временските услови. Ако не внесуваме доволно вода во организмот, доаѓа до дехидрација, а особено е важно да пиеме доволно кога сме болни, при покачена температура или вежбаме.
Пијте вода секој ден веднаш штом се разбудите!

Не заборавајте дека добрата хидратација на организмот е важна за голем број процеси што се одвиваат во телото.

По будењето
По спиење, важно е да пиете по една чаша вода. Ова ќе помогне да ги активирате внатрешните органи, а исто така и за подобрување на функцијата на цревата. Примањето вода по будењето (пред појадокот) ќе помогне и за отстранување на токсините од организмот.

Пред јадење
Пијте една чаша вода 30 минути пред секој оброк, за да се помогне варењето. Важно е да не ја испиете премногу рано или доцна, бидејќи на тој начин се разредуваат дигестивните сокови. По јадењето почекајте околу еден час, за да може организмот да ги апсорбира хранливите материи.

Пред туширање
Пред туширање исто така е важно да се пие по една чаша вода за да му помогнете на телото да го намали нивото на крвниот притисок.

Пред спиење
Еден час пред да си легнете да спиете испијте една чаша вода. На тој начин ќе го надоместите губењето течности во текот на ноќта.


Осумте чаши
Еве и еден распоред за внесување вода. Се разбира, тој може да се разликува во зависност од вашиот распоред и активности.
Во 7 часот – првата чаша вода.
Oткако ќе се разбудите, за да се хидрира телото по долгата пауза во текот на ноќта. Појадокот примете го половина час подоцна.
Во 9 часот – втората чаша вода во денот.
Како време тоа е околу 1 час по појадокот.
Во 11.30 часот – третата чаша вода во денот.
Непосредно пред да ручек испијте чаша свежа вода.
Во 13.30 часот – четвртата чаша вода.
Испијте чаша вода еден час по ручекот, за да му се овозможи на телото да ги апсорбира хранливите материи од храната.
Во 15 часот – петтата чаша вода.
Време во кое може на паузата да се испијат чај или мирисливо капучино и чаша вода, се разбира.
Во 17 часот – шестата чаша вода.
Оваа чаша вода ќе ве хидрира и ќе го намали внесот на калории за време на вечерата.
Во 20 часот – седмата чаша вода.
Час по вечерата и непосредно пред да одите под туш или во када.
Во 22 часот – осмата чаша вода.
Еден час пред спиење испијте уште една чаша вода. Ова ќе помогне за процесот на обновување на клетките за време на спиењето.