Петстотини, не петсто

146
Владо Димовски

Еве ја последната строфа од една математичка песничка.

Во граматиката ѕирнете,
таму убаво стои,
бројот македонски
како да се брои.

Броевите, по правило, никој не ги изговара како што треба, па затоа ќе слушнете: петсто, шесто, двестотини, тристотини… Се разбира, треба да речеме вака: петстотини, шестотини, двесте, триста…

Толку за броевите. Броеви и афоризми можеби не е некоја комбинација, но да завршиме со еден афоризам: „На своите грешки се учи, на туѓите се прави кариера“.
Со арно, со убаво…


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!