„Оффест“ почна со „Јупитер и Оквес“ од Конго

93

Шестчлениот бенд „Јупитер и Оквес“ од Конго завчера вечерта го отвори 17-то издание на „Оффест“, на кој до 5 јуни ќе има пет концертни вечери со вкупно десет изведувачи. Групата „Јупитер и Оквес“, предводена од вокалот Јупитер Боконџи, вторпат беше гостин на овој фестивал. Негуваат доминантен румба-стил, но истовремено и повеќе други ритми и стилови. Поврзувајќи ги музичките традиции на Конго и западната музика, Јупитер создал свој оригинален музички израз и со составот „Оквес“ во митската румба на Конго ги внел фанкот и урбаните ритми. Нивниот последен албум „Kin Sonic“, објавен во 2017 година, продолжува со истражувањата и патувањата низ богатото музичко наследство на Конго.

Концертот се одржа во дансинг-салата на Младинскиот културен центар,
За втората вечер на „Оффест“ беа најавени концертите на „Фајтинг виндмилс“ и на „Диртмјузик“ на истата сцена. До 5 јуни фестивалот ќе има пет концертни вечери со вкупно десет изведувачи. Во наредните денови на 17-от „Оффест“ се и концертите на „Офичина Зое“ од Италија, „Ифрикија Електрик“ од Тунис, „Бармер бојс“ од Индија, француско-италијанскиот бенд „Транс аеолиан трансмисион“, пејачките Гаје Су Акјол од Турција и Уму Сангаре од Мали, како и настапот на диџеј Мукамбо од Белгија.