Откриено наоѓалиште на злато

182

Акциите на австралиска компанија скокнале минатата недела откако беше објавено дека оваа фирма открила богати наоѓалишта на злато, сребро и базни метали во Босна и Херцеговина, во подрачјето на Вареш, објави порталот Радиосарајево.ба.

Оваа компанија поседувала концесија за истражување и експлоатација на минерали и руда на локации во општината Вареш, каде што на одредени места, на длабочина од стотина метри од дупчењата се извадени примероци на руда, која е опишана како „коктел од висококвалитетни минерали“.

Примероците извадени од еден од локалитетите покажале дека еден тон ископан материјал содржи 4,6 грама злато, половина килограм сребро, 7,7 отсто олово, 10,8 отсто цинк, 46 отсто барит и 0,9 отсто бакар.

Истражувањата во околината на Вареш почнале во мај 2018 година, а резултатите покажуваат дека е исплатливо отворање нов рудник. Поради овие откритија, австралиската компанија треба да вложи околу 10 милиони долари во нови инвестиции.