Од денеска третпат „Скопје на мраз“

133

Денеска и утре на лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање под името „Скопје на мраз 2019“. На настанот, кој е во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на 75 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија и од Словенија. На натпреварот (денеска од 20 часот и утре од осум часот) ќе учествуваат натпреварувачи на возраст од пет до 25 години, поделени во пет возрасни категории – кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори.