Од бележникот на писателот Васил Мукаетов

879

Велигден

Oд кога знам кога и јас бев дете, ова е празник свечен.
Со трепет се очекува, со срце се пречекува.

Дома, по скалите – Црвените килими, најубавите!

Сите домови отворени, честитките повторени.
– Христос воскресна, навистина воскресна!

Во кошничките шарени јајца, исцртани со мерак, уметнички дела.
Децата велат – Ајде на кршење. Врвот со врвот!

Па чие јајце ќе се скрши прво!
Сѐ е во сончевина, мирисливо и занесно.
И овој Велигден, за децата најрадосно.

Од книгата „По зелени раеви – слезови и чаеви“ на Васил Мукаетов