Одиграни над 20 тест-средби пред баражите за СП 2019

929

Велигденските празници поминаа работно за ракометните репрезентативци. Низ цела Европа во рамките на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) се одиграат повеќе од 20 контролни натпревари во кои селекторите ја тестираа формата на своите избраници. Македонската репрезентација во контролниот натпревар со соодветниот состав на Русија беше поразена со 32-27 (15-19), а мечот беше одигран без публика.

Во составот на селекторот Раул Гонзалес недостигаа главните играчи од бековската линија, Филип Миркуловски и Кирил Лазаров, потоа пикерот Стојанче Стоилов, десното крило Гоце Георгиевски и голманот Никола Митревски. Според неофицијалната статистика, најефикасен во македонскиот состав бил Филип Талески со 10 гола, а Жарко Пешевски и Дејан Манасков постигнале по пет погодоци.