Одбележан денот на Јуриј Гагарин

979
Фото: Дарко Андоновски

Делегација на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, вчера, по повод годишнината од летот на Јуриј Гагарин во вселената, положи свежо цвеќе пред неговиот споменик, на истоимената улица, наспроти Министерството за економија, во центарот на Скопје.

Јуриј Алексеевич Гагарин е советски космонаут, кој на 12 април 1961, првпат во историјата на човештвото, се вивна во вселената и е прв човек што ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. Денеска, пак, во „Скај-бар“ во хотелот „Русија“, со поддршка на руската амбасада и на почесниот конзулат на Русија во Битола, ќе се одржи неформален настан „Ноќта на Јуриј“.