Ова се најдобрите бесплатни игри од 2019 година

147

Видеоигрите претставуваат визуелен медиум. Развивачите на игри и издавачите обично продаваат игри базирано на тоа како изгледаат. Во текот на последните четири децении индустријата за игри, графика на игрите, изоде долг пат. По тој пат, со развитокот на технологијата, константно се подобрија графиката и изгледот на игрите. Сега сме во време кога технологијата овозможува разни можности, а индустријата за игри го користи тоа, создава игри што навистина изгледаат фасцинантно. За да се ужива во играњето игри, потребно е тие да се купат. Трудот што се вложува во нив за да изгледаат толку добро треба финансиски да се исплати и повеќето игри се плаќаат, но не сите.

Постојат таканаречени игри „фри то плеј“, кои се бесплатни за играње. Нема да навлегуваме во концептот на игрите „фри то плеј“, само ќе напоменеме дека нивниот бизнис-модел се потпира на таканаречените микротрансакции. Вообичаено вистинска игра „фри то плеј“ се наплаќа само доколку сакате да смените некакви естетски карактеристики на карактерот што го користите, неговите орудија, оружја или други работи. Има голем број игри што постојат на пазарот, но само неколку од нив се навистина импозантни. Ова се неколку од најдобрите бесплатни игри што се навистина добри за играње, а можеби подобри и од оние за кои се плаќа.


„Варфрејм“ – жанр: акција
Оваа игра ја комбинира футуристичката научнофантастична естетика на игрите како „Мас ефект“ и „Хало“. Гејмплејот на играта е комбинација од боречки вештини, користење различни способности од егзо-оклопот и употребување три категории оружја. Попозната е како игра во која може да се биде вселенска нинџа. „Варфрејм“ вклучува извонреден број опции за приспособување, кои ви дозволуваат да го модифицирате своето оружје и ексоклопот или сопатник, со што ќе ви овозможи да сте подобро опремени кон вашиот специфичен стил на играње. Во играта има пристап до сопствениот вселенски брод, кој ќе го користите како база и превозно средство за движење меѓу мисиите. „Варфрејм“ е една од најимпресивните игри за акција достапна сега. Можете да ја играте на конзола и на компјутер. Таа започна во 2013 година и оттогаш базата на играчи постојано се зголемува. Сега има нешто повеќе од 26 милиони луѓе што ја играат. „Варфрејм“ е бесплатна за играње и на конзолите „Иксбокс уан“ и „Плејстејшн 4“.


„Фортнајт: Батл ројал“ – жанр: акција
Следејќи ги стапките на „Батл јунитс“ на „Плејер анкноун“, позната како ПУБГ, во 2017 година настапи „Фортнајт: Батл ројал“. Како и ПУБГ, целта во „Фортнајт: Батл ројал“ е да се елиминираат сите други играчи во играта, притоа што кругот на дејствување постојано се намалува. Последниот што ќе преживее станува победник. Едната разлика помеѓу двете игри е во однос на дизајнот. „Фортнајт“ нуди дизајн што личи на цртаните, а ПУБГ нуди милитаристички пореален дизајн. Другата разлика е во тоа што во „Фортнајт“ можат да се градат објекти и на овој начин се зголемува можноста за заштита од напади и преживување. „Фортнајт“ моментално има околу 250 милиони регистрирани играчи. Таа може да се игра на компјутер, „Плејстејшн 4“, „Свич“ и „Иксбокс уан“.


„Лиг оф леџендс“ – жанр: МОБА
„Лиг оф леџендс“ претставува игра од жанрот на играње повеќе играчи во онлајн-битката во арена, или попознат како МОБА. Кога се појави првпат во 2009 година, на многу играчи им го привлече вниманието. Сличниот механизам на гејмплеј, кој е преземен од „Дота“, ја направи хит меѓу мултиплеер онлајн-игрите. Играта поседува 143 херои, наречени шампиони, од кои може да се избере еден со кој ќе играте. Повеќе можат да се купат со користење или вистински пари или ип-пари, кои се заработуваат преку нормално играње. Гејмплејот се одвива на тој начин што се избира шампион со кој ќе се игра и маршрута или позиција во тимот на која ќе дејствува. Целта е да се работи заедно со соиграчите за да се уништи непријателот. Шампионите можат да се уредуваат со разни „рунови“ и развивање одредени способности. Низ годините „Лиг оф леџендс“ се менуваше и ги подобруваше својата графика и изглед на играта. Официјални податоци за тоа колку играчи има моментално нема, но последните од 2017-та укажуваат дека има околу 100 милиони.


„Невервинтер“ – жанр: МОРПГ
Оваа игра е претставник на жанрот мултиплеер онлајн, каде што се игра одредена улога, или попознат како МОРПГ. „Невервинтер“ претставува прекрасна комбинација од игрите „Дијабло“ и „Данџн енд драгонс“. „Невервинтер“ според некои луѓе претставува една од најдобрите игри што го имаат концептот на играта со карти „Данџн енд драгонс“, или попозната како „ДнД“. „Невервинтер“ има десет ПвЕ-кампањи и добра ПвП-кампања. Играта може да се игра на повеќе платформи, како „Плејстејшн 4“, „Иксбокс уан“ и компјутер. Има неколку раси, класи, од кои може да се избере со каков карактер да се игра. Сите имаат специјализирани способности и опрема што можат да ја користат. Две раси за жал не можат да се играат освен ако не се доплати. Нема официјални податоци колку играчи поседува „Невервинтер“. Последните податоци од 2017 година укажуваат дека поседувала 15 милиони.

hristijan.j@novamakedonija.com.mk