Нов паметен телефон со ласерски проектор што секој би го посакувал

421

Во минатите години имаше обиди од страна на компаниите за мобилни телефони да вградат проектори во своите уреди. Првиот мобилен телефон со проектор е „самсунг галакси бим“ од 2012 година. Ваквите идеи, како вградувањето проектор во мобилен телефон, се со цел да им се овозможи на луѓето да поседуваат подвижен проектор, кој може лесно да се употребува. Но низ годините се покажа дека квалитетот на сликата што произлегува од овие уреди не ја постигнува саканата цел на потрошувачите. Вообичаено, проекторите од мобилните телефони во минатото произведуваа мала резолуција, квалитет и големината на сликата. Но, како што поминува времето, технологијата продолжува да се развива и се создадоа пософистицирани вакви уреди. Компанијата „Блеквју“ пушти во продажба нов и несекојдневен паметен телефон, наречен „блеквју макс 1“. Тој поседува ласерски проектор, кој е подобар отколку што може да се претпостави.

Проекторите треба да се користат во темна средина, тие не испуштаат толку светлина колку телевизорот. Со еден клик на „макс 1“ може да се активира опцијата за вклучување на проекторот низ предниот дел на телефонот. Проекторот на растојание од два метра прикажува слика што е еквивалентна на сликата од 45-инчен телевизор. Тоа е феноменално, затоа што станува збор за проекција што излегува од паметен телефон, а не од вообичаен проектор. „Блеквју макс 1“ поседува ласерски проектор со резолуција од 720 пиксели. Најдобрата особина е што можете да го извадите од вашиот џеб и да го пуштите во кој било момент каде сакате, а со стандардниот проектор тоа е невозможно. Тие вообичаено се поскапи и поголеми уреди, кои бараат изворно место за напојување. Од тие причини, навистина е практично да се поседува флексибилен уред, кој може да прикажува проекции кога и да посакате. Во минативе години некои телефонски компании велат дека немаат место за приклучок за слушалки, а „блеквју“ става цел проектор во нивниот нов телефон. Без разлика дали сакате да гледате филмови или видеоигри, тоа може да се овозможи со едноставно притискање на апликацијата на телефонот и тој почнува да ја прикажува проекцијата на таванот, ѕидот или каде ќе посакате. Истовремено, постои можност да прикажува што било на самиот дисплеј на телефонот.

Интересен е моментот што „Ајфон“ го произведе „Ајподот“ за околу 300 долари, а од друга страна го имате „макс 1“, кој е со малку повисока цена, но има проектор со добар квалитет и перформанси. Според спецификациите наведени на страната на „Блеквју“,додека го користи проекторот, „макс 1“ може да проектира пет часа пред да откаже батеријата, што претставува доста импресивен податок. Телефонот е изграден од метал, а задниот дел од стакло и доста е издржлив. Правоаголниот отвор на проекторот за жал е изграден од пластика и не е толку отпорен на гребење, затоа е потребно да се внимава повеќе во тој предел. Исто така телефонот нема вграден приклучок за слушалки, затоа што во телефонот треба место за деловите од проекторот. Поседува камера од 16 пиксели и систем за отклучување на телефонот со отпечаток. Но доколку не се внимава и се изгребе, овој систем може да работи, но не секогаш. Овој телефон е доста подебел во споредба со другите паметни телефони.

„Макс 1“ има дебелина нешто повеќе од 10 милиметри, што е за три милиметри повеќе од „ајфон 10С“.